Обединети нации денеска апелираа за намалување на насилството во Авганистан, истакнувајќи дека е зголемен бројот на загинати цивили поради судирите на талибанците со авганситанските безбедносн сили.
Мисијата на ОН за помош на Авганистан изрази загриженост поради интензивираните и брутални напади на милитантите од Исламска држава.
Во извештајот на ОН се наведува дека во април талибанците се одговорни за 208 убиства на цивили, додека авганистански безбедносни сили усмртиле 172 цивили.
Апелот на ОН уследи откако американскиот специјален мировен претставник Залмаи Халилзад почна уште еден круг разговор со талибанците за ново помирување со властите во Кабул.