ОН повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина

Од:

Обединетите нации повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина поради новите инциденти со гранатирање денеска, со што е прекршен прекинот на огнот според Договорот од Минск.

„Доколку се потврдат, не смее да се дозволи дополнително да ескалираат. Ги повикуваме сите страни на максимална воздржаност во овој чувствителен момент“, рече Розмари ди Карло, генерална потсекретарка на ОН за политички прашања, на состанокот на Советот за безбедност за Украина.

Ди Карло ја нарече „исклучително опасна“ моменталната ситуација, со, како што велат САД, околу 150.000 војници позиционирани на границата со Украина за можна инвазија.

Таа ги нарече прашањата во основата на конфронтацијата „комплексни и долгогодишни“.

„Иако навидум нерешливи, со оглед на влоговите вклучени за нашата колективна безбедност и европска стабилност, овие прашања можат и мора да се решат преку дипломатија“, рече Ди Карло.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање