ОН повикаа на ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Од:

Шефицата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Мишел Башеле, денеска побара ослободување на 1.100 активисти, опозициски лидери и новинари затворени во Белорусија од „политички“ причини.

Башеле пред Советот за човекови права на ОН во Женева презентираше детали од Извештај за состојбата со човековите права во Белорусија, во кој се посочува дека белоруската власт предводена од претседателот Александар Лукашенко врши „систематски“ прогон на опозициските лидери и активисти во земјата, како и на учесниците на масовните протести што следуваа после изборите во 2020 година.

Според неа, властите во Минск спровеле „масовна акција со прекумерна употреба на сила“ за задушување на протестите на кои беа оспорени резултатите од изборите одржани во август 2020 година. Башеле посочи дека од август 2020 во Белорусија биле приведени 13.500 лица, од кои голем број биле затворени, изложени на физичка тортура како тепање, силување и други форми на насилство.

„Нашата истрага откри дека Владата во Минск се обидува да го задуши секој обид за критика или искажување несогласување со власта и активно ја попречува правдата, избегнува одговорност и ја крие вистината за пречекорувањата на овластувањата“, предупреди Башеле, повикувајќи ја Белорусија да ги ослободи сите политички затвореници и да прекине со прекршувањата на човековите права во земјата.

Истовремено таа мошне критички забележа дека нема основа да се верува или очекува од властите во Белорусија да испорачаат правда, па оттаму повика другите држави да работат за да бидат повикани на одговорност сите оние што ги прекрѓиле човековите права.

Белоруската делегација ги отфрли таквите тврдења, истакнувајќи дека извештајот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН е полн со „шпекулации и лажни обвинувања“.

Белорускиот претставник, Андреј Таранда, забележа дека заклучоците и препораките во Извештајот се отворена поддршка на структурите и организациите што работат против интересите на Белорусија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија