ОН: Повеќе од половина од сириските бегалци се деца

Од:

Повеќето од половина од 642 илјади сириски бегалци, кои побараа засолништа во соседните земји се деца, а бројот на бегалците од конфликтот до јуни може двојно да се зголеми, изјави регионалниот координатор за сириските бегалци во Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, Панос Мумцис.

Тој истакна дека се изготвени планови за помош на четири милиони лица во Сирија – два милиони протерани од своите домови и два милиони кои имаат потреба од помош во нивните домови, како и на до 1,1 милион бегалци.

– Ние говориме за помош на една четвртина од сириското население. Еден од секој четворица Сиријци има потреба од хуманитарна помош и сметам дека таа бројка ќе се зголемува, рече Мумцис.

ОН се надева дека ќе собере 1,5 милијарди долари за финансирање на хуманитарната помош за Сирија на донаторската конференција во Кувајт на 30 јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија