Со оглед на тоа што во Мосул дојде до интензивен судир меѓу ирачките сили и припадниците на екстремистичката група Исламска држава, можно е уште околу 200.000 лица да го напуштат градот, соопшти денеска ОН.
Координаторката за хуманитарни прашања на ОН за Ирак Лиза Гранде, изјави дека, бидејќи се интенвизираат воените операции и се повеќе се приближуваат кон стариот дел на градот Мосул, Организацијата очекува дека уште 200.000 луѓе ќе го напуштат градот.
Се проценува дека 300.000 до 500.000 лица се отсечени од светот, заробени во деловите на Мосул кои ги контролира ИД, наведе претходно ОН.
Според проценките, поголемиот дел од заробените лица се наоѓаат во стариот град на Мосул, каде се очекува дека ќе се одвива завршната борба.
ОН предупредија дека последиците по цивилите ќе бидат катастрофални околку борбата продолжи да трае уште неколку недели.