Пратеникот на ОН за Авганистан, Тадамичи Јамамото изјави пред Советот за безбедност дека сите напори за постигнување мир во државата треба да бидат фокусирани на почнување официјални преговори меѓу талибанците и валдата во Кабул.
Јамамото додаде дека смета оти зголемената поддршка за политичко решение е позитивен признак.
Тој повика државите „со директни контакти и влијание врз талибанците да засилат напори насочени за постигнување на таа цел“.
Германскиот заменик претставник во ОН, Јурген Шулц изјави дека иницијативата за Конфренсија за внатрешно-авганистански дијалог, предложена од Берлин и Доха, добива се поголема поддршка од авганистанската влада, клучни политички лидери и цивилното општество.