ОН не можат да достават помош за 600.000 луѓе во Сирија

Од:

ОН соопштија дека не можат да достават хуманитарна помош за 600.000 луѓе во два сириски града под контрола на џихадистите на Исламска држава.

Помошникот на генералниот секретар на ОН и заменик координатор за итна помош Канг Кјунг-ха, рече во обраќање до СБ на ОН, дека жителите на упориштата на ИД сирискиот град Рака и градот Деир ел Зур, не добиле никакви испораки на храна во декември, бидејќи ОН немаат договор со вооружените групи таму.

Во месечниот извештај на ОН се наведува дека се тешки напорите на светската организација да достави храна и друга хуманитарна помош на милиони заробени во Сирија во текот на четиригодишната граѓанска војна.

– До околу 4,8 милиони Сиријци или околу 40 отсто од вкупните 12,2 милиони луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош, тешко се доаѓа, наведе Канг.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад