ОН: Насилството во Ирак може да предизвика граѓанска војна

Од:

Насилството во Ирак е во пораст и би можело да доведе до граѓанска војна, предупреди денеска шефот на Мисијата на Обединетите нации за човекови права Франческо Мота.

– Политичкиот ќорсокак, недостиг на национална визија кај многу политичари, надворешните влијанија од регионот, Сирија и другите држави, сето тоа има дестастабилизирачко дејство, истакна Мота.

Тој наведе дека зголемувањето на американските трупи и свртувањето на сунитските племиња против Ал Каеда помогна насилството привидно да се стави под контрола.

Најниско ниво на насилство е регистрирано во 2011 година, според податоците на ОН, кога загинаа 2.771 луѓе. Но, сега насилството повторно е во пораст, поттикнато од незадоволството на сунитите од владејачките шиити и од граѓанската војна во соседна Сирија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски