ОН: Најмалку 5.665 лица загинале досега во Украина

Од:

Најмалку 5.665 луѓе загинале, а 13.961 се повредени од почетокот на судирите во источниот дел на Украина во април минатата година па се до 15 февруари оваа година, соопшти портпаролот на канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (УНХЦР), Руперт Колвил.

УНХЦР и Светската здравствена организација (СЗО) предвидуваат дека овие бројки би можеле набрзо да се зголемат, бидејќи собирањето податоци за жртвите во периодот пред стапување во сила на прекинот на огнот било одложено поради судири.

– Вознемирени сме поради извештајот за постојано гранатирање на градот Дебаљцев, но досега не успеавме да добиеме доверливи податоци за борбите или жртвите на ова подрачје, истакна Колвил, додавајќи дека посебно се загрижени поради илјадниците цивили кои се заробени во овој украински град.

Во Дебаљцев веќе неколку недели се извршуваат артилериски напади, а медиумите пренесуваат дека денеска првпат се водат и улични борби.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“