ОН: На повидок хуманитарна криза во ДР Конго, три милиони луѓе гладуваат

Од:

Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли изјави дека три милиони луѓе гладуваат во Демократска Република Конго и дека на повидок е хуманитарна криза.

– Стотици илјади деца во судирите во провинцијата Касаи може да ги загубат животите поради неухранетост во следните месеци ако не се испрати итна помош, изјави Бисли.

Тој оцени дека ситуацијата во Конго е „катастрофална“.

– Наши тимови на терен виделе запалени колиби, уништени куќи, сериозно неухранети деца и очигледно е дека многу деца веќе ги загубиле животите, нагласи тој.

Бисли додаде дека голем број деца ќе бидат жртви на неухранетост без први фондови, храна и пристап до локации за помош.

Насилствата во ДР Конго почнаа во август лани по смртта на локален политички лидер во судирите со безбедносните сили во државата. Поради судирот, околу 1.5 милиони луѓе се приморани да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска