ОН изрази загриженост поради притворањето на лидерите на Муслиманското братство

Од:

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај денеска изрази загриженост во однос на информациите за притворањето на водечките членови на египетското движење „Муслиманско братство“.

Пилај одби да коментира дали со нивното соборување од власт е извршен државен удар во Египет.

– Се надевам дека владеењето на правото и државен систем, што ги почитува човековите права на сите Египќани, мажи и жени, ќе може да биде набрзо воспоставен, наведува Пилај во соопштението.

Според Пилај Египет треба да ја искористи можноста да стане целосно функционална и напредна демократија.

Портпаролот на Високиот комесар на ОН за човекови права, Руперт Колвил за време на редовната конференција со новинарите во Женева изјави дека во целиот свет има голема дебата за тоа дали е извршен државен удар во Египет и за што точно станува збор.

– Ние не влегуваме во тоа, изјави Колвил.

Колвил нагласи дека треба да бидат изнесени извршените злосторства со кои ќе се оправда притворањето на лидерите на движењето Муслиманско братство.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро