ОН истражува 35 сајбер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот

Од:

Експерти на ОН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи на сајбер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот, што за цел имале незаконско собирање пари за нејзината нуклеарна програма, пишува турскиот весник „Сабах“.

Минатата недела светските агенции информира дека Северна Кореја незаконски дошла до „ две милијарди долари“ од своите се подобро обмислени и реализирани сајбер активности врз финансиски институции и берзи за крипто валута.

Опширниот извештај на ОН открива дека Јужна Кореја била најмногу засегната, бидејќи дури 10 пати била жртва на вакви сајбер напади, следена од Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

По еден сајбер напад претрпеле 13 држави: Коста Рика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Јужна Африка, Тунис и Виетнам, се наведува во извештајот на ОН.

Би можело да ве интересира

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета