ОН испрати помош во храна за Северна Кореја

Од:

Светската програма на Обединетите нации за храна вчера одобри помош во храна за Северна Кореја во вредност од 200 милиони долари.

– Извршната канцеларија на Агенцијата одобри оваа недела нова двегодишна прорама за Северна Кореја од 1 јули, изјави нејзиниот портпарол Марк Прејр.

Тој истакна дека програмата е насочена кон 2,4 милиони лица – речиси сите деца, бремени жени и доилки и таа опфаќа околу 207 илјади тони храна, која треба да биде произведена од Северна Кореја, од продукти доставени од Светската програма за храна.

Според ОН, оваа помош ќе овозможи да се избегне кризата со храна оваа година во Северна Кореја, каде две третини од 24-милионското население живее во крајна сиромаштија. Околу 28 проценти од децата под пет години страдаат од хронична неухранетост, а четири проценти од сериозен недостиг на прехранбени продукти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети