Борците од групацијата Исламска држава убиле во саботата 40 поранешни членови на ирачките сили за безбедност во близина на Мосул и ги фрлиле нивните тела во реката Тигар, изјави денеска портпаролот на Врховниот комесар на Обединетите нации за човекови права Равина Шамдасани.
ИД се обидела и да земе околу 25 илјади цивили од Хамам ал Алил, град кој се наоѓа јужно од Мосул, со камиони и микробуси вчера вечерта, најверојатно за да и искористи како човечки штит за заштита на позициите на групацијата.
– Повеќето од камионите биле принудени да се вратат од каде што тргнале поради авионите, кои патролирале, но некои автобуси стигнале до Абусаиф, на 15 километри северно од Хамам ал Алил, додаде Шамдасани.