Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за продолжување на уште шест месеци, до 31 јануари 2015 година, на мандатот на „сините шлемови“ на Кипар.
Дипломати позитивно ја оценуваат резолуцијата за Кипар, во која се наведува дека присуството на мировните сили на ОН на островот е неопходно. Во документот се изразува и значењето на преговорите меѓу двете заедници, истакнувајќи ја големата улога на ОН за наоѓање целосно и трајно решение за етнички поделениот остров.
Мировната мисија на ОН на Кипар е формирана во 1964 година, со цел да се спречат судирите меѓу грчката и турската заедница на островот. Мисијата ја предводи Норвежанката Кристин Лунд, под чија команда се наоѓаат околу илјада „сини шлемови“.