ОН: Европа треба да прифати повеќе мигранти

Од:

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал-Хусеин ги повика денеска европските земји да прифатат повеќе бегалци и да се справат со предрасудите и дискриминацијата кон мигрантите кога ќе пристигнат кај нив.

Тој во Советот на ОН за човекови права во Женева истакна дека е „шокиран и засрамен поради постојаната демонизација на мигрантите во многу земји, чии народи уживаат во мир и просперитет“.

Зеид смета дека бројот на мигрантите кои го губат својот живот на медитеранот е „причина за сериозна тревога“ и ги пофали интензивните акции на ЕУ за потрага и спасување.

Високиот комесар побара од европските лидери да се „изборат со огромната нетрпеливост кон мигрантите“, предупредувајќи дека таа би можела да прерасне во насилство.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски