ОН: Десетици деца се убиени во репресиите на воената хунта во Мјанмар

Од:

Десетици деца се убиени во Мјанмар од минатогодишниот пуч, не само во вкрстен оган во конфликтите, туку и како намерни цели на армијата со цел да се нанесе уште поголемо страдање на народот, изјави денеска специјалниот известувач на ОН за човекови права во Мјанмар, Том Ендрус.

Британските медиуми го пренесуваат неговиот извештај за состојбата со децата во земјата, во кој се наведува дека малолетници биле тепани и избодени со нож, а при сослушувањето им биле вадени нокти или заби, додека некои биле принудени на лажни егзекуции.

Во него се наведува дека владејачката хунта постојано ги прекорувала ОН и западните земји за мешање во внатрешните работи и ги отфрлувала обвинувањата за извршени злосторства.

Врз основа на агенциите на ОН, хуманитарните групи и граѓанските организации, извештаите наведуваат во борбите раселени се најмалку 250.000 деца, а најмалку 382 се убиени или осакатени, вклучително и во воздушни напади или од тешка артилерија.

-Немилосрдните напади на хунтата врз децата ја нагласуваат расипаноста и подготвеноста на генералите да им нанесе огромно страдање на невините жртви во нивниот обид да го покорат народот, рече Ендрјус.

Британските медиуми наведуваат дека Мјанмар се наоѓа во состојба на превирања откако армијата ја презеде власта на почетокот на минатата година и почна жестока пресметка со своите противници, што предизвика бурни реакции кај новоформираните групи на отпорот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени