ОН: Да се ослободат Аунг Сан Су Чи и сите произволно затворени луѓе во Мјанмар

Од:

Обединетите нации денеска повика за ослободување на „произволно затворените“ луѓе во Мјанмар, вклучувајќи ја и лидерката Аунг Сан Су Чи.

– Остануваме загрижени поради произволните апсења, вклучително и новинари и лидери на граѓанското општество, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак по ослободувањето на околу 600 лица уапсени од воениот удар извршен на 1 февруари.

Според него, ОН продолжува внимателно да ги следи случувањата во Мијамар, особено по смртта на едно дете убиено од безбедносните сили во неговиот дом.

Се повеќе цивили кои не учествуваат во протестите, вклучувајќи жени и деца, се мета на насилство. Според Здружението за помош на политички затвореници, седумгодишно девојче било убиено „од истрел во стомакот додека било во својата куќа“ во Мандалај.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски