ОН: Без спасувачки бродови во Медитеранот ќе има „крваво море“

Од:

ОН предупредуваат дека ризикот од мигранти и бегалци кои доживуваат бродолом во Медитеранот е поголем од кога и да е, поради недостиг од спасувачки бродови на невладини организации и конфликтот во Либија.

„Ако не интервенираме наскоро, Медитеранот ќе стане крваво море”, изјави портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) во Италија, Шарлот Сами, објави Гардијан.

Поради поволните временски услови, илјадници лица се подготвуваат да ја напуштат Либија, каде што во тек е војна, а поплавите предизвикани од обилните врнежи го отежнуваат животот, но бидејќи нема бродови за спасување, се претпоставува дека бројот на бродоломи ќе се зголеми драстично.

Според податоците од спасувачките тимови, над 700 луѓе заминале од либискиот брег во изминатите неколку дена, додека само пет отсто биле пресретнати од либиската крајбрежна стража и биле испратени назад во центрите за прифаќање.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски