ОН: Бегалците и мигрантите се подложени на сериозни ризици на нивниот пат кон Европа

Од:

Бегалците и мигрантите се соочуваат со сериозни опасности во обид да стигнат до Европа, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Во извештајот се разгледува влијанието на засилените ограничувања на границите за движењето на бегалците и мигрантите до и во Европа, што беа воведени во 2016 година.

Фактите покажуваат дека движењето не запрело, но луѓето избирале повеќе различни и опасни маршрути, често потпирајќи се на шверцерите, поради недостигот на достапни легални начини за влез во Европа.

Во документот се посочува дека по „затворањето“ на балканската рута и договорот меѓу Европската унија и Турција од март 2016 година, бројот на лица кои пристигнале во Грција преку источниот дел на Средоземното Море значително е намален, а рутата од централниот дел на Средоземното Море, од Африка кон Италија, станала главен пат за влез во Европа.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека во 2016 година во Италија преку морски пат пристигнале 181.439 лица.

Во извештајот се забележува дека патувањето до Италија е исклучително опасно и оти во 2016 година во морето се регистрирани повеќе смртни случаи од кога и да било преходно.

УНХЦР наведува дека кон крајот на 2016 година повеќето лица пристигнале во Европа преку западниот дел на Средоземното Море.

Во 2016 година 87 проценти од лицата кои пристигнале во Грција преку морски пат потекнуваат од десетте основни земји што се извори на бегалци.

Истото се однесува и за лицата кои продлжуваат да минуваат по балканската рута.

Во Србија 82 проценти од пристигнатите лица се од Авганистан, Ирак и Сирија, а повеќе од половина се деца.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека десетици илјади лица биле вратени од граничните власти во Европа, вклучително од Македонија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Србија и Шпанија.

Покрај мноштовото пријавени случаи за насилство и злоупотреба со цел одвраќање од понатамошните обиди за влез, УНХЦР добил крајно вознемирувачки информации за бегалци и мигранти, кои биле киднапирани, држени против нивна волја со денови, физички малтретирани и сексуално злоупотребувани, мачени или малтретирани од шверцери и криминални групи на различни локации на основните маршрути.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он