ОН бара заштита на курдските цивили во Ирак

Од:

Обединетите нации денеска изразија загриженост во врска со присилното раселување на цивили, претежно Курди, и грабежот и уништувањето на нивниот имот во северен Ирак.

– Обединетите нации ја повикуваат ирачката Влада да ги преземе сите мерки за спречување на насилството и да обезбеди заштита на сите цивили, соопшти Мисијата на ОН во Ирак.

ОН исто така бара од лицата одговорни за насилство, заплашување и присилно раселување на цивилите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Околу 100.000 Курди поради страв од одмазда избегаа од Киркук, кој ирачките сили во понеделникот го преземаа од курдските борци.

Би можело да ве интересира

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак