Инспекторите на Обединети нации за воени злосторства ги повикаа САД да спроведат темелни истраги за цивилните жртви предизвикани од американските воздушни напади во Сирија, со цел да одговараат сторителите на прекршувањата.
Истражната комисија на ОН ја повтори „препораката до САД и до сите страни да спроведат веродостојни, независни и непристрасни истраги за инциденти што предизвикуваат цивилни жртви во кои се вмешани нивните сили“.
Панелот го повика Вашингтон да се погрижи одговорните за прекршувањата да бидат повикани на одговорност и да ги објават нивните наоди.
Во ноември, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди да се испита нападот во 2019 година во сирискиот град Багуз при што загина 64 жени и деца.
Извор: МИА