Најновиот извештај на ОН за употреба на наркотици ширум светот покажува дека Австралија освен што е прва држава во која синтетичката дрога екстази најмногу се употребува, таа е и трета по употреба на метамфетамин, четврта според конзумирање на кокаин и седма поради корисниците на канабис. Глобалното истражување покажува драматичен раст на бројот на зависници од сите видови наркотици во државата.
Експертите велат дека економските и социјални можности во Австралија придонесуваат за „шокантниот пораст на незаконско користење на дрогата“.
Е. Г.