Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас

Од:

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот мировен форум во Париз изјави дека Израел ја „уништил“ Газа, каде што продолжува со нападите, пренесува Anadolu.

Олмерт учествуваше на панелот „Израел-Палестина: План за две држави и план за мир“ во рамки на седмиот мировен форум во Париз, што се одржа во француската престолнина.

Тој посочи дека решението за две држави што го предложи во 2008 година може целосно да го промени Блискиот Исток и животите на милиони луѓе во тој регион.

„Настаните од 7 октомври се незаборавни и непростливи, а со оглед на околностите што ја предизвикаа, војната беше неизбежна. Но, како што реков претходно, мислам дека војната требаше да престане“, рече Олмерт.

Тој посочи дека Израел го „уништил воениот капацитет на Хамас“, додавајќи дека во Газа биле убиени и невини палестински цивили.

„Ја уништивме Газа. Има и ужасни последици по животите на два милиони граѓани на Газа, кои не се терористи и не придонесуваат за тероризмот“, рече тој.

Олмерт посочи дека Израел треба да ги запре нападите врз Газа, да ги спаси заложниците и да ги ослободи палестинските затвореници во затворите во Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски