Олимпискиот стадион во Монтреал, една од главните знаменитости на овој канадски град е претворен во привремен центар за сместување за оние мигранти кои морааат да заминат од САД.
Над 4.300 лица преминале од САД во Канада, од почетокот на оваа година, барајќи од канадските власти добивање на статус на бегалци.
Мнозинството до нив, околу три илјади, влегуваат во реонот на провинцијата Квебек и побарале сместување во Монтреал.
Најголемиот дел од нив биле одбиени за добивање азил во САД, но и натаму се надеваат дека ќе имаат нова шанса за враќање на другата страна од границата, на американската територија.
Канадските власти одлучија да го отворат стадионот за имигрантските потреби, до есен, кога за оние кои ќе останат во Канада ќе се бараат нови решенија за сместување.
Според податоците на локалните хуманитарни организации, само во текот на минатиот месец, во провинцијата Квебек се регистрирани 1.200 азиланти, од кои 90 отсто се од Хаити.
Оваа франкофонска провинција на источната страна на Канада има искуство со бегалци, прифаќајќи ги главно Сиријците, за кои се вели дека доѓаат на канадската територија, а потоа заминуваат.
Освен провинцијата Квебек, со наплив на бегалци и азиланти од САД се соочуваат и провницијата Манитоба, како и Британска Колумбија, на западната страна од земјата.
Овде се регистрирани илегални влегувања во Канада, надвор од патиштата, па таму интервенира пограничната ренџерска служба која прво ги притвора сите илегалци, а по деталната проверка ги ослободува, доколку се утврди дека не претставуваат опасност за канадската безбедност.
Премиерот Џастин Трудо се наоѓа под силен притисок на дел од јавноста, за да ги „заштити границите“ од поголемо навлегување на бегалци и екононмски мигранти на територијата на Канада.