Оланд: Зголемената поддршка на екстремната десница во Европа се должи на стравот од економскиот пад и исламот

Од:

Населението во Европа старее и стравува од опаѓање и од исламот – овие два фактори, а не само економската криза, го објаснуваат растот на популарноста на екстремната десница во Европа, вклучувајќи ја и Франција, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд во интервјуа за белгиските весници „Соар“ и „Стандард“.

– Национализмот се роди пред две децении и се должи на недостигот на колективна динамика и перспектива. Кон тоа се додаде и стравот од опаѓање, затоа што некои земји болно го преживуваат судирот со глобализацијата. И да е така, треба чесно да кажеме дека Европа беше погодена и со отворањето на границите и со имиграцијата што следеше, рече Оланд.

– Популизмот се поттикува и од односот кон исламот, загриженоста на работниците од индустриските преструктурирања, стравот на многумина од засилувањето на позициите на економиите во развој и на сето се надоврзуваат и конзервативни ставови, поврзани делумно и со стареењето на населението. Ксенофобијата го завршува останатото, забележа францускиот претседател.

Главната екстремно десничарска партија во Франција, Националниот фронт, води во истражувањата за изборите за Европскиот парламент во 2014 година со 24 проценти поддршка, покажа анкета на институтот Ифоп, изработена за весникот „Нувел обсерватор“.

Главната конзервативна партија Унијата за народно движење (УНД) има 22 проценти поддршка, а владеачките социјалисти – 19 проценти. Првпат во анкета за избори од национален карактер Националниот фронт води пред УНД и Социјалистичката партија, забележува Ифоп.

На европските избори во 2009 година Националниот фронт освои 6,34 проценти од гласовите.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер