Европа мора да го „подигне нивото на санкциите“ против Русија, кои се „недоволни“, му препорача во петокот поранешниот претседател Франсоа Оланд на Емануел Макрон, предлагајќи особено прекин на увозот на гас, јави дописникот на МИА.
-Нема дипломатија без рамнотежа на силите, инсистираше поранешниот претседател кој беше примен во Елисејската палата. Според него „Европа мора да се почитува“.
-Сметам дека санкциите мора дополнително да се зајакнат, а особено финансиските санкции, исто така (на) системот на монетарни трансакции, за да може Русија, нејзината економија и нејзините лидери да бидат силно погодени, рече тој по едночасовниот разговор со шефот на државата.
Соочени со руската инвазија на Украина, „единствениот можен начин е дипломатијата, бидејќи алтернативата на дипломатијата е целосна војна“, изјави другииот екс-претседател Никола Саркози, поддржувајќи ја стратегијата за дијалог на Емануел Макрон, кој го прими еден час во Елисејската палата.
-Патот на дијалогот, на дипломатијата е тежок, често разочарувачки, но нема алтернатива. Затоа мора да продолжиме по овој пат. И ако Франција не го стори тоа, никој нема да го стори тоа“, додаде поранешниот претседател.
-Ова е причината зошто го одобрив пристапот на претседателот Макрон кога тој отиде во Москва, објасни тој, кој исто така ги фаворизираше преговорите со Москва за време на кризата во Грузија во 2008 година.
Никола Саркози, исто така, посака Франција да предложи создавање „нови мултилатерални институции“. „Денес ништо не функционира. НАТО не функционира. Г7 не функционира. Г20, што сакав да го создадам, не функционира. Па дури и ОН, кои се осцилираат помеѓу апатија и неподвижност“, рече тој.
Извор: МИА