Оланд рекордно непопуларен во Франција

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд дури со 74 проценти незадоволни сонародници, месецов го урна рекордот на поранешниот претходник Никола Саркози.

Тој во април на барометерот на популарност на Францускиот институт за истражување на јавно мислење падна за уште шест проценти во однос на март. Ист пад бележи и неговиот премиер Жан Марк Еро, кого сега го поддржуваат 30 проценти Французи.

Шефот на државата кој ужива наклоност од само 25 проценти од граѓаните, падна пониско и од Саркози кога беше најнепопуларен.

Оланд бележи голем пад меѓу симпатизерите на Социјалистичката партија, чија поддршка опадна од 77 на 64 проценти.

За помалку од година дена, откако е на функцијата Оланд стана најнепопуларен претседател во новата историја на Франција, соочен со тешка задача за спроведување на реформи.

Министерот за финансии Жер Каизак поднесе остава поради затајување данок и перење пари, по сознание дека има тајна сметка во Швајцарија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина