Оланд и Путин на 6 јуни во „четири очи“ ќе разговараат за кризата во Украина

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека на 6 јуни во северниот дел на Франција во „четири очи“ ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за кризата во Украина.

Средбата ќе биде одржана во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од десантот на Нормандија изјави Оланд пред новинарите во Брисел по работната средба на 28-те шефови на држави и влади на земјите членки на ЕУ.

На почетокот на месецот беше потврдено дека Путин ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на 70-годишнината од Денот Д во Нормандија.

Оланд претходно изјави дека Путин е добредојден да присуствува на церемонијата наспроти ситуацијата со Украина.

– Можеби имаме несогласувања со Владимир Путин, но не заборавам и никогаш нема да заборавам дека рускиот народ даде милиони жртви за време на Втората светска војна, изјави тогаш Оланд.

Церемонијата по повод 70-годишнината на одбележувањето на Денот Д ќе биде одржана во Норманија на 6 јуни, а ќе присуствуваат британската кралица Елизабета II, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација