Оланд: Франција ќе ја почитува одлуката на САД во врска со воената интервенција во Сирија

Од:

Доколку Конгресот на САД се изјасни против воена интервенција во Сирија, Франција исто така нема да интервенира, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

Оланд ја повика Европа да се обедини во однос на сириското прашање и изрази увереност дека тоа ќе се случи.

– Заедно со Германија ние, францускиот претседател и германскиот претседател, сме подеднакво вознемирени поради нападот со хемиско оружје на 21 август во Сирија и подеднавко ја осудуваме, изјави Оланд на прес-конференција со шефот на германската држава Јоаким Гаук, јави ДПА.

– Европа треба да се обедини по тоа прашање. Таа ќе го стори тоа и секој ќе преземе одговорност, додаде францускиот претседател.

Според Оланд, кога веќе се извршени убиства со хемиско оружје, кога светот е информиран за тоа и кога се презентирани докази и одговорните за нападот се познати, потребно е да се реагира.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт