Оланд: Договорот со Грција ќе и овозможи да остане во еврозоната

Од:

Договорот на средбата на високо ниво на еврозоната ќе и овозможи на Грција да остане во монетарната унија под услов да ги почитува правилата на Европската унија, изјави францускиот  претседател Франсоа Оланд.

– Европските лидери успеаја да ја постигнат главната цел на преговорите – да го зачуваат единството и солидарноста на еврозоната, нагласи Оланд, по објавувањето на договорот за третиот план за помош на Грција,

Тој додаде дека втора цел била да им се даде надеж на Грција и на грчкиот народ.

– Го сакав тоа повеќе во интерес на Грција. Тоа е и во интерес на Европа и, исто така, и на Франција. Франција имаше посебна улога барајќи да се доближат позициите. Мислам дека тоа беше добра ноќ за Европа, нагласи Оланд.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Оланд нагласи дека до договорот е дојдено по многу разговори.

– Денеска имаме една историска одлука. Министрите за финансии ќе бидат задолжени за дефинирање на краткорочните придружни мерки за да се запечати финалниот договор, додаде францускиот

Оланд го поздрави „историскиот договор“ на ЕУ и „смелиот избор на грчкиот премиер Алексис Ципрас“ѓ, најавувајќи дека францускиот Парламент в среда ќе гласа за договорот со Грција.

Тој исто така најави дека грчкиот Парламент ќе се состане „во следните неколку часови, за да донесе нови реформи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски