Олаф Шолц не планира да оди во Киев

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека во оваа фаза не планира да оди во Киев, како што од него побара Володимир Зеленски, оценувајќи ја како „иритирачка“ одлуката на украинскиот претседател да не го прими шефот на германската држава.

На прашањето на јавното радио РББ дали ќе замине во Украина, германскиот канцелар повтори дека е во редовен контакт со украинскиот претседател и оти бил во Киев непосредно пред руската инвазија на 24 февруари, сугерирајќи дека не му е во план повторување на таква посета.

– Речиси и да нема друг шеф на држава или влада кој има толку интензивни контакти со мене, рече Шолц.

Советник на Зеленски за јавната телевизија ЗДФ претходно изјави дека украинските власти сè уште очекуваат германскиот канцелар веднаш да донесе практични одлуки, како што е испорака на оружје.

Несогласувањата меѓу Германија и Украина почнаа откако Зеленски одби да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој сакаше да дојде во Киев со делегациите од Полска и од балтичките земји.

Германија веќе испорача одбранбено оружје на Украина, но Шолц со денови е под притисок, дури и во рамките на неговото владејачко мнозинство, да одобри испраќање на офанзивно оружје, како што се оклопни возила, пренесува Бета. Социјалдемократската партија (СПД) продолжува да се спротивставува на снабдувањето со тешко оружје. Пратеникот Џо Вајнгарте укажа на опасноста Германија постепено да се вклучи во војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина