ОЛАФ: Корупцијата во Украина претставува закана за помошта од ЕУ

Од:

Големите размери на корупција во Украина претставуваат закана за средствата, доставени од Европската унија, изјави на прес-конференција генералниот директор на Европската служба за борба со измамите (ОЛАФ), Џовани Кеслер.

Тој прецизираше дека неодамна бил дел од делегација, која го посетила Киев. Кеслер појасни дека неговото патување било поврзано со неопходноста Украина да се справи со нивото на корупција, бидејќи, како што рече, постојат сомневања дека средствата добиени од ЕУ може да бидат злоупотребувани.

– Корупцијата во Украина може да претставува закана за меѓународната помош и за демократските темели на земјата, коментира Кеслер.

– Потребни се вонредни мерки за заштита на европските средства во таа земја, додаде тој.

Кеслер оваа изјава ја дава само еден ден откако ЕУ го потврди отпуштањето на уште една милијарда долари помош за Киев, што е дел од објавената минатиот месец среднорочна поддршка од 11 милијади евра.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала