Активисти тврдат дека стотина илјади Швајцарци јадат месо од кучиња и мачки. Во петицијата која е предадена во Парламентот, а потпишана од 16 илјади луѓе, се бара да се забрани со закон јадењето домашни миленичиња, објави Би-Би-Си.
Околу три отсто од Швајцарците тајно јадат мачки и кучиња, изјави основачката и претседателката на швајцарското друштво за заштита на животните, Томи Томек.
Според важечкиот Закон, во Швајцарија не смее да се продава месо од мачки и кучиња, но на луѓето не им е забрането да ги јадат нивните домашни миленичиња.
– Политичките лидери ни рекоа дека парламентот нема ништо да направи, ако луѓето не се спротивстават, рече Томек и додаде дека тие само бараат со Законот да се заштитат домашните миленичиња.