Околу три милиони лица присуствуваа на мисата на папата во Манила

Од:

Околу три милиони лица се собраа денеска во најголемиот парк во Манила и околните улици за да присуствуваат на последната миса на папата Франциско во рамки на неговата четиридневна посета на Филипините.

Филипинците и покрај силниот дожд во голем број се упатија да ја чујат пораката за мир и утеха на поглаварот на Римокатоличката црква.

Организаторите очекуваа на денешната миса да се соберат дури шест милиони лица, со што ќе беше надминат рекордот поставен во истиот парк во 1995 година кога миса држеше папата Јован Павле Втори. Се претпоставува дека до крајот на мисата, која трае два часа, би можеле да се соберат и повеќе од три милиони лица.

Папата својата четиридневна посета на Филипините им ја посвети на сиромашните, ја осуди корипцијата која на децата им го одземала достоинствениот живот, разговараше со децата кои живеат на улица и го посети градот Таклобан, кој во 2013 година беше погоден од разорен тајфун.

Поглаварот на католиците во синоќешниот говор на Католичкиот униврзитет во Манила се откажа од однапред подготвениот говор, кога едно 12-годишни девојче, Глизел Паломар, во солзи го праша зошто децата толку многу патат.

Таа почна да раскажува за децата, кои се напуштени од родителите и кои потоа завршуваат на улица, каде користат дрога и се проституираат.

– Зошто Бог дозволува да се случуваат такви работи, а особено на невини деца. Зошто толку малку луѓе ни помагаат?, праша девојчето.

Папата рече дека нема одговор на тоа прашање. – Дури кога ќе пуштиме солзи ќе можеме да се приближиме кон одговорот на нашето прашање“, изјави тој.

– Оние на маргините плачат, оние кои паднале плачат и оние кои се отфрлени плачат. А ние кои живееме живот во кој сите потреби повеќе или помалку ни се задоволени, ние не знаеме да плачеме, истакна папата и додаде дека постојат некои реалности, кои можат да се видат само со „очи кои се прочистени од солзи“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска