Околу сто воени злосторници од целиот свет живеат во Велика Британија

Од:

Британскиот Хоум Офис идентификува близу сто лица осомничени за воени злосторства, кои аплицирале за азил или за жителство во Велика Британија.

Овие луѓе по потекло се од Авганистан, Иран, Ирак, Либија, Руанда, Србија и Шри Ланка и мнозинството од нив, повеќе години живеат и работат во Велика Британија.

Повеќе хуманитарни организации побараа од британските судови, побрзо и почесто да покренуваат обвинувања за овие луѓе.

Судовите редовно ги блокираат сите налози на Министерството за внатрешни работи за нивна депортација во земјите од каде потекнуваат, повикувајќи се на хуманитарното право, доколку во тие земји се применува тортура во истражната постапка.

Хоум Офисот утврдил дека меѓу луѓето кои бараат азил или сакаат трајно да се населат во Велика Британија има дури 800 за кои постојат индиции дека извршиле злосотрства, но засега успеале да потврдат само 99 осомничени. Полицијата потврди дека за 56 лица се води формална истрага за воените злосотрства за кои се осомничени.

Претставник на Хоум Офисот изјави дека Министерството е ангажирано со цел да не дозволи Велика Британија да се претвори во бегалски камп за воените злосторници.

Поранешни жртви на воените злосторства, меѓутоа, се незадоволни од односот на британските власти кон воените злсоторници.

Според мислењето на дел од жртвите, кои исто така живеат во Велика Британија, по сите злосторства што ги имаат направено во своите држави, властите во земјата им овозможуваат на овие луѓе да живеат на британска територија „посреќни од кога било“.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца