Околу 43% од Британците би гласале на референдум за напуштање на ЕУ

Од:

Околу 43 отсто од Британците би гласале за истапување на Велика Британија од ЕУ, доколкусега во земјата би бил спроведен референдум за ова прашања, покажува истражувањето на британската агенција ИЦМ.

Анкетата, спроведена меѓу 10 и 12 мај оваа година, открива дека 40 отсто од гласачите на евентуалниот референдум би се определиле за останување на земјата во Унијата.

На претходното истражување на ИЦМ, направено во јануари, веднаш откако премиерот Дејвид Камерон ја обелодени својата нова политика кон ЕУ, 51 отсто од анкетираните се изјаснија дека ќе гласаат за истапување од членството од Унијата, а 40 отсто дека ќе гласаат за останување.

Според истражувањето, во период од неполни пет месеци, Британците сега се помалку ентузијасти за напуштање на ЕУ, во која Велика Британија членува веќе 40 години. Мерењето на расположението на граѓаните открива дека сега само една третина од нив се „цврсто определена“ за извлез на земјата од Унијата. Тоа е, исто така, помалку отколку на претходната анкета, кога Камерон најави нови преговори со Брисел, враќање на овластувањата префрелени на ЕУ, како и организирање референдум за излез од Унијата, што би се одржал во 2017 година доколку неговата Конзервативна партија победи на парламентарните избори предвидени за две години.

Испитувањето на ИЦМ покажува дека само еден од тројца Британци сака да не се чека четири години за организирање на референдумот, туку изјаснувањето да се спроведе сега.

Од анкетата произлегува дека 35 отсто од гласачите се за тоа веднаш да има референдум, други 30 сметаат дека прво треба да се одржат нови преговори со Брисел, 14 проценти веруваат дека никогаш не треба да има рефередум за ЕУ, 13 отсто тој да се одржи заедно со изборите во 2015 година, а осум проценти немаат никакво мислење.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп