Околу 300 украински Евреи пристигнаа во Израел

Од:

Израел ќе постави теренска болница во Украина во наредните денови, објави денеска израелското Министерство за надворешни работи, појаснувајќи дека таа ќе биде наменета за третман на жртвите од рускиот напад врз јужниот сосед.

Дополнително, Израел ќе испрати шест големи генератори во главната болница во Лавов за да „овозможат нејзино континуирано работење дури и без редовно снабдување со електрична енергија“, се вели во соопштението на Министерството. Исто така, планира да формира центри за помош на бегалците на граничните премини на Украина, каде ќе се дели зимска облека и материјали, пренесува Си-Ен-Ен.

Претставници на Министерството за надворешни работи велат дека најмалку 10.200 израелски граѓани ја напуштиле Украина откако владата првпат апелираше да го сторат тоа пред три недели. Повеќе од половина заминаа од почетокот на руската инвазија минатиот месец.

Исто така денеска, три авиони со околу 300 украински Евреи пристигнаа во Израел, меѓу кои и деведесет сирачиња. Премиерот Нафтали Бенет беше на аеродромот во Тел Авив за да ги пречека бегалците.

Според израелскиот закон за враќање, секој Евреин може да побара израелско државјанство. Бидејќи Украина е дом на големо еврејско население, израелските власти велат дека се подготвуваат за потенцијален бран од десетици илјади украински емигранти.

Во меѓувреме, израелските лидери продолжуваат со дипломатските напори. Еден ден по неговата ненадејна посета на Москва на средба лице в лице со Владимир Путин, премиерот Нафтали Бенет денеска имаше телефонски разговор со рускиот лидер, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Бенет разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Не се објавени детали од телефонските разговори, но Бенет претходно денеска изјавил дека верува оти Израел има посебна одговорност да продолжи со обидот за дипломатски пробив.

„Дури и ако шансата не е голема, штом има макар и мал простор, а имаме пристап до сите страни и способност, (тогаш) го гледам ова како наша морална обврска да вложиме максимални напори, рече тој.

Утре, министерот за надворешни работи Јаир Лапид ќе отпатува во Летонија на средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски