Околу 250.000 лица од неколку предградија на Сиднеј ставени во строг карантин

Од:

Околу 250.000 лица од северните предградија на Сиднеј добија наредба за строг карантин, во обид да се спречи жариштето за кое властите стравуваат дека може да се прошири низ градот.

Денеска ќе се знае дали ќе се воведат натамошни мерки во најнаселениот град во Австралија.

-Сакам да му биде јасно на поголемиот дел од Сиднеј, ве молам, не излегувајте вечерва или во следните неколку дена доколку навистина не морате, изјави Гледис Берејиклијан, премиерка на државата Нов Јужен Велс.

Во северниот дел на Сиднеј 39 лица се заразени, со два дополнителни случаи кои сега се испитуваат. Пред два дена беа пријавени само пет инфекции, но властите не знаат од каде потекнува вирусот, иако трагата од тестирањето на геномот води кон САД.

Австралија го избегна најлошото сценарио, пред се, заради затворање на границите за странците, карантин, тестирање на голем број луѓе и социјалната дистанца. Во земјата досега се регистрирани вкупно околу 28.100 заразени лица. Се до оваа недела повеќе од 14 дена немаше локален пренос на вирусот и затоа за Божиќ беа укинати повеќето ограничувања. Избувнувањето на заразата во Сиднеј ги натера федералните држави и територии повторно да воведат ограничувања на границите, нарушувајќи ги плановите за патувања за илјадници лица.

Карантинот во Сиднеј значи дека луѓето во одредена област ќе имаат право да го напуштат домот само за една од четирите клучни причини – купување намирници, работа, итна медицинска помош или посета на изолиран роднина.

Властите издвоија два клуба на плажата Авалон како почетни точки за локален пренос на вирусот, но додадоа повеќе од 30 потенцијални места за секундарно пренесување.

Откако беа направени повеќе од 12.000 тестирања, луѓето вчера во редови чекаа за тестирање.

-Заедницата реагира како што ние би сакале, изјави епидемиологот и австралиски заменик главен лекар Пол Кели.

Собирите што се наоѓаат во жариштата, како што се базените, плажите и игралиштата, се затворени, додека на посетителите им е забрането да доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона