Околу 200 Британци и уште 50 државјани на ЕУ утре се евакуираат од Вухан

Од:

Во авионот со кој утре од Вухан ќе бидат евакуирани британски државјани ќе има и околу други 50 луѓе, претежно од земјите на ЕУ, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Шпанското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека на летот ќе има околу 20 Шпанци.

Предвидено е авионот да слета во кралската воздухопловна база во западниот дел на Англија и потоа да го продолжи патот кон Шпанија.

Британските државјани денеска требаше да бидат евакуирани од Вухан, жариштето на епидемијата на новиот коронавирус.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека Лондон добил потврда од кинеските власти дека авионот во кој се наоѓаат британски државјани може да замине од аеродромот во Вухан утре во пет часот по локално време.

Се работи за 200 британски државјани, а Би-Би-Си јави дека доцнењето е затоа што се чекала дозвола од кинеските власти.

„Бритиш ервејс“ објави дека ги прекинува летовите кон Кина до 29 февруари.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година