Најмалку 18 лица загинаа и уште 20 се во тешка здравствена состојба по труење со фалсификуван алкохол за време на две приватни забави минатата недела во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.
Жртвите се пренесени во болница, откако паднале во несвест за време на роденден и друга вечерна забава во градот Фејсалабад, во централен Пакистан.
Јавната продажба на алкохолни пијалоци е забранета во исламистичката држава и голем број Пакистанци сами произведуваат евтини алкохолни пијалоци во домашни услови.