Можно е околу 100 работници да се наоаѓаат под урнатините на фабриката за цемент во Бангладеш, соопшти полицијата.
Потврдена е смртта на четири лица. Спасувачите успеаја да извлечат околу 40 работници од под урнатините на фабриката во пристанишниот град Монгла, 335 километри југозападно од Дака.
– Во фабриката имало околу 150 работници кога објектот се урнал, изјави шефот на полициската станица Белајет Хосајн.