Околу 1.300 цивили се убиени во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго

Од:

Во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго се убиени околу 1.300 цивили, соопшти денеска ОН, предупредувајќи дека некои инциденти можат да претставуваат и „злосторства против човештвото“.

-Се ужаснувам од зголемувањето на бруталните напади против невините цивили од вооружените групи и од реакцијата на војската и силите за безбедност, кои, исто така, извршили тешки злосторства, вклучувајќи и убиства и сексуално насилство, изјави шефицата на ОН за правата на човекот, Мишел Бачелет.

„Генерализираниот и систематски карактер на некои од нападите против цивилите во Итури и Северно Киву може да се смета за злосторства против човештвото и воено злосторство“, рече таа.

Станува јасно дека за овој изминат осуммесечен период, над половина милион лица ги напуштиле Киву од страв за својот живот.

Би можело да ве интересира

Екстремисти упаднаа во затвор во Конго и ослободија 900 осудени

А1он

Најмалку 50 млади лица загинале во хаварија во рудник за злато во Конго

Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Жарко Настоски

СЗО: Еболата се шири во западно Конго

Ана Ололовска

Пет жени мелески од Конго ја тужат Белгија за злосторства против човештвото

Ана Ололовска

Конго прогласи крај на епидемијата на ебола на истокот од земјата

Жарко Настоски