Ојтингер предупредува на опасност од граѓанска војна околу Каталонија

Од:

Еврокомесарот за буџет Гинтер Ојтингер предупреди дека кризата околу шпанскиот регион Каталонија се заканува да прерасне во граѓанска војна.

– Состојбата е крајно, крајно загрижувачка. Се подготвува граѓанска војна сред Европа. Се надевам дека наскоро ќе започне дијалог меѓу Мадрид и Барселона, изјави Ојтингер, додавајќи дека Европската Унија може да посредува доколку биде повикана да го стори тоа.

Во Каталонија во неделата се одржа референдум за независност, кој шпанската полиција се обиде да го спречи, при што во полициските интервенции беа повредени околу 900 лица.

Каталонскиот Парламент најави дека в понеделник ќе одржи седница на која е можно да биде прогласена независност на Каталонија, но Шпанија се обидува да го спречи ова со судски мерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски