Охајо: Шестмина повредени при удар на автомобил во црква

Од:

Шест лица се повредени денеска кога еден маж со автомобил удрил во ѕид на Методистичката црква во Колумбус, каде во тек била утринската служба, при што го скришил витражот на прозорците на црквата.

Пожарникарите соопштија дека повредените се здобиле со исеченици и други повреди. Полицијата засега сè уште го нема објавено идентитетот на човекот, кој управувал со автомобилот или неговите мотиви.

Инцидентот се случил во момент кога верниците пееле, а автомобилот го пробил ѕидот на црквата.

Според свештеникот, ѕидот едноставно „експлодирал”, а парчиња стакло се разлетале насекаде.

Во тој момент во црквата имало невообичаено голем број верници, бидејќи во неа биле изведувани посебни божиќни песни.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски