Огромно мнозинство Израелци ја поддржуваат офанзивата во Појасот Газа

Од:

Огромно мнозинство израелски евреи ја поддржуваат офанзивата на својата држава во Појасот Газа, се вели во резултати од анкета. Вкупно 98,5 отсто анкетирани даваат поддршка за воздушната офанзива, а 91,2 отсто ја поддржуваат копнената операција, наведуваат од Унивезитетот во Хаифа од каде е правена анкетата.

Помалку од осум отсто сметаат дека било грешка да се почне кампања во одговор на ракетните напади од Појасот Газа.

Четири отсто се за итно и безусловно запирање на офанзивата.

Повеќето Израелци поддржуваат главно три услови: запирање на ракетните напади од Газа (86 отсто), уништување на тунелите (85 отсто) и разоружување на Хамас (77 отсто). Само 17 отсто поддржуваат идеја за повторно окупирање на Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници