Огромен пожар во Ново Мексико, Бајден прогласи состојба на елементарна непогода

Од:

Пожарникарите го забавија ширењето на најголемиот шумски пожар во САД, додека претседателот Џо Бајден прогласи состојба на елементарна непогода, а со тоа следува финансиска помош на делови од Ново Мексико, што горат од почетокот на април, јавија синоќа американски медиуми.

Досега, големиот пожар зафати 670 квадратни километри високи шуми и ливади на југот на Карпестите Планини.

Пожарникарите го искористија периодот на релативно мирното и постудено време, со цел да спречат пожарот да им се приближи на малите градови и села.

Огнените јазици се гаснат со авиони и хеликоптери. На теренот се отстрануваат дрвја и грмушки за да остане што помалку простор огнот да се прошири. Ангажирани се речиси 1.300 пожарникари, како и друг персонал.

Издадени се наредби за задолжителна евакуација на 15.500 домаќинства, а досега изгореле речиси 400 куќи.

Од сабота повторно се очекуваат силен ветер, температура над нормалната, како и мала влажност, што ќе ја зголеми опасноста од ширење на пожарот, соопшти Националната метеоролошка служба.

Помошта вклучува неповратни финансиски средства за привремено сместување и за поправка на домот, кредити за покривање неосигурани имотни загуби, како и други програми за да им се помогне на луѓето и на компаниите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски