Рекорден број британски адвокати се регистрирале во текот на оваа година во Ирска, а по референдумот на кој Британците гласаа за излез од ЕУ, соопшти ирското Здружение на правници.
Осумстотини адвокати од Англија и Велс ќе се регистрираат до крајот на годинава во Ирска и ќе се придружат на 1.347, кои претходно беа регистрирани.
Овие податоци покажуваат зголемување за 275 отсто во споредба со минатата година, јави БТА.
Меѓу новорегистрираните се и 117 лица од адвокатската канцеларија „Фрешфилдс Брукхаус Деринџер“ – една од најголемите правни фирми во светот.
Целта на новите регистрации е да се спречи каква било загриженост во иднина за статусот на овие адвокати кога ќе работат со европски институции, изјави раководителот на ирското Здружение на правници Кен Марфи.
Најквалификуваните адвокати во Англија и Велс можат да се регистираат во Ирска од 1991 година согласно меѓусебниот договор, но во последните години, тенденцијата беше главно во друга насока.