Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна

Од:

Продавницата за накит „Пијаж“ на улицата „Мир“ во центарот на Париз е ограбена денеска, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и државното обвинителство на Париз.

За време на грабежот нема повредени. Истрагата е во тек, соопштија од обвинителството. Според првите резултати од истрагата, во грабежот учествувале три лица, меѓу кои најмалку едно имало оружје.

Последниот вооружен грабеж на луксузен накит во Париз се случи на 29 април. Тој ден три лица, кои се возеле со мотор, упаднале во златарницата Булгари на плоштадот Вендом. Двајцата напаѓачи биле вооружени, а притоа беше ранет и вработен во обезбедувањето. Штетата се проценува на неколку милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Силна експлозија во Холандија

Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка

ВИДЕО: Објавена листата на десетте најпосетувани градови во 2024

Лука Дончиќ е засега најновата жртва на софистицирани криминалци