Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освои 52,18 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во таа земја.
Ова официјално го соопшти Државната изборна комисија. Разликата меѓу двајцата кандидати беше повеќе од два милиони гласови.
Противникот на Ердоган во вториот круг, Кемал Киличдароглу, според турската изборна комисија, освои 47,82 отсто од гласовите.
Претседателот на изборната комисија Ахмет Јенер изјави дека на изборите гласаа повеќе од 54 милиони Турци во земјата и во странство.
Ердоган освои 27.834.574 гласови, а Киличдароглу 25.475.724.